При процесот на ревизија на проектна документација се намалуваат шансите за настанување на грешка во процесот на проектирање, а со самото тоа и во процесот на градење. Ревидентот има задача да направи ревизија согласно основните барања за градбата и Законот за градење. Ревизијата е последен чекор пред отпочнување со градењето, затоа и те како е битна навремена и беспрекорна соработка помеѓу проектантот и ревидентот.